Македонија

Доколку скенирате сметки, насоки што треба да направите со апликацијата „Мој ДДВ“

„МојДДВ“ засега е функционална само за уредите на „Apple“. Управата за јавни приходи преку соопштение објаснува:

Почитувани корисници на апликацијата МојДДВ, Управата за јавни приходи, информира дека прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.

За новата верзија на МојДДВ ќе треба да се направи ажурирање (update) на апликацијата на Apple appstore односно Huawei app gallery, а потоа да се изврши најава во апликацијата МојДДВ и во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ да се одбере „напреден“.

По објавувањето на новата верзија на МојДДВ и на playstore, УЈП ќе повторно ќе извести.

На почеток