Македонија

Хорор во затворот „Идризово“: Заклан американски државанин

Американски државјанин со потекло од Струга бил заклан во затворот „Идризово“ во Скопје, дознава „Скопје1.мк“. Станува збор за 36-годишно лице кое издржувало казна поради пресуда за недозволена трговија со дрога. Тој, бил прободен од друг затворени, а во болница завршил со две рани. За случајот потврда има и од МВР, каде е пријавен случајот. Затвореникот се бори за живот во комплексот клиники во Скопје.

Прободениот затвореник имал нарушени односи со друг затвореник. Сместен е во старата зграда на затворот. Во неколку наврати упатувал барања кон директорот Шпенд Таири за преместување во други простории, но неговите барања биле игнорирани. Прободениот алармирал дека ако не биде префрлен во друго одделение може да дојде до ваква ситуација, како и дека животот му е згрозен. Директорот Таири, исто така не реагирал.

Овој грозоморен чин доаѓа откако во затворот „Идризово“ беше направен претрес и беа одземени ножеви и други недозволени предмети. Поради ваква причина беше разрешен и директорот Реџеп Реџепи. Ако се следи тој пример, а откако може да се утврди дека во затворот повторно има недозволени предмети но и прободен затвореник, може да се очекува и барање за разрешување и на новиот директор Шпенд Таири.

На почеток