„Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш, твојот Дени“, Џон Траволта се прости од Оливија Њутн-Џон
Од
Објавено на
Актерот Џон Траволта, партнерот на Оливија Њутн-Џон во култниот филм „Брилијантин“, по веста за нејзината смрт на Инстаграм напиша дека „ги направила сите животи подобри“.
„Моја најмила Оливија, ти ги направи сите наши животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам толку многу. Ќе се видиме долу на патот и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон“, напиша Траволта покрај фотографијата на Оливија.