Магазин

Истражување: 20 книги за кои луѓето лажат дека ги прочитале

Анкетата на Би-Би-Си пред неколку години покажа дека голем дел од луѓето се преправаат дека прочитале одредена книга кога во реалноста не ја ни допреле.

Онлајн анкетата понатаму наведува дека четвртина од луѓето се подготвени да лажат за одредени книги за кои мислат дека требало да ги прочитаат за да изгледаат попаметни, попривлечни и да се вклопат во општеството.

Истражувањето, во кое беа анкетирани 2.000 испитаници во Британија, ги искористи информациите за да ги рангира насловите за кои повеќето луѓе лажат по редослед. Веројатно очекувано, на листата се Толстој, Чарлс Дикенс (дури и три пати), но има и неколку „модерни“ изненадувања како „Педесет нијанси сиво“ или серијата Хари Потер.

„Луѓето се поподготвени да се согласат дека читале класични романи, бидејќи на тој начин изгледаат поинтелигентни во општеството. Сепак, дури 42 отсто од нив своето знаење за класиците го темелат на ТВ адаптации и филмови, или заплети што ги наоѓаат на Интернет“, се наведува во извештајот.

Еве ја комплетната листа.

1. „Алиса во земјата на чудата“, Луис Керол

2. „1984“, Џорџ Орвел

3. Трилогија „Господарот на прстените“, Џ. РР Толкин

4. „Војна и мир“, Лав Толстој

5. „Ана Каренина“, Лав Толстој

6. „Авантурите на Шерлок Холмс“, Артур Конан Дојл

7. „Да се убие птицата подбивница“, Харпер Ли

8. „Дејвид Коперфилд“, Чарлс Дикенс

9. „Злосторство и казна“, Фјодор Достоевски

10. „Гордост и предрасуди“, Џејн Остин

11. „Мрачна куќа“, Чарлс Дикенс

12. „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг

13. „Големите очекувања“, Чарлс Дикенс

14. „Дневникот на Ана Франк“, Ана Франк

15. „Оливер Твист“, Чарлс Дикенс

16. „Педесет нијанси“ (трилогија), Е. Л. Џејмс

17. „Десет мали црнци“, Агата Кристи

18. „Големиот Гетсби“, Ф. Скот Фицџералд

19 „Квака-22“, Џозеф Хелер

20. „Ловец во ‘ржта“, Џ. Д. Селинџер

На почеток