Камиказа до Бисера: Не нѐ ослободивте од ДДВ на картите, :Дали “Оган под звездите“ содржи говор на омраза или го забавува народот?
Музичарот и член на бендот Меморија, Петар Георгиевски – Камиказа јавно ја праша министерката за култура дали нивната песна шири говор на омраза или го забавува народот, затоа што биле одбиени од барањето да бидат ослободени од ДДВ на билетите за нивните концерти со образложение дека не биле во програмата.
„Еве едно прозаично прашање за ‘министерката за култура’ овие денови актуелна:Дали песнава “Оган под звездите“содржи говор на омраза или го забавува народот!?За да знам, зошто не одбивте на единственото барање да не ослободите од плаќање ДДВ на картите,со образложение дека не сме во програмата?!Сите други странци и домашни квислинзи се во програмата и се ослободени од ДДВ?!
Колку Македонски бендови има што полнат сали!?Имам уште многу прашања,ама сигурен сум дека на ниедно нема да дадете издржан одговор,кој после “притисок“ нема да пробате да го демантирате и минимизирате!!!Се гледаме на концерт на МЕМОРИЈА во Битола на 31 август.
Картата е 250 денари,мислам дека можете да си дозволите ваков “луксуз“.Од секоја карта ќе платиме 45 денари ДДВ за да можете да ги спонзорирате уметниците по ваша “мерка“како на пример Мирко Попов и останати “врвни“ артисти. Македонија вечна“, пишува Камиказа на фејсбук.