ДНР: Истекувањето на амонијак од гранатирана пиварница е запрено
Од
Објавено на
Министерството за вонредни ситуации на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) денеска соопшти дека го запрело истекувањето на амонијак што се случи по украинското гранатирање на пиварница во Доњецк.
„Од 1 часот по полноќ е запрено истекувањето на амонијак во пиварницата во Доњецк“, објави министерството на Телеграм, пренесува ТАС С.
Повеќе од 30 лица биле во фабриката во Доњецк за време на вчерашното гранатирање, а еден од нив загинал, додека двајца се повредени, соопшти Министерството за вонредни состојби на ДНР.