Русија и Турција се договорија: Ја отфрлаат „токсичната“ валута
Анкара се согласи да плати дел од рускиот природен гас во рубли.
Русија и Турција постигнаа начелен договор за префрлање на некои плаќања за рускиот природен гас во рубљи, како дел од продлабочувањето на трговските врски меѓу двете земји, соопшти во четвртокот турското Министерство за енергетика.
Избегнувањето плаќање во американски долари им помага на двете земји. Русија ја нарече валутата „токсична“ бидејќи западните санкции ги отежнуваат трансакциите. Тоа, исто така, и помага на Турција да ги заштити своите резерви на валутата, пишува Раша Тудеј.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела потврди дека Анкара ќе почне да плаќа дел од увозот на природен гас од Русија во рубли по повеќечасовни разговори со неговиот руски колега Владимир Путин во Сочи.
Двете земји потпишаа и мапа за економска соработка со која се предвидува зголемување на билатералниот трговски промет до 100 милијарди долари годишно. Претседателите, исто така, разговараа за широк спектар на прашања, вклучувајќи го и извозот на жито од Украина.
Претходно овој месец, Путин рече дека земјите од ЕУ треба да и бидат благодарни на Турција за обезбедувањето на блокот со сигурно снабдување со руски гас преку гасоводот Турски тек.