Температурните рекорди срушени во неколку региони на Кина
Во неколку региони на Кина, вклучувајќи го и најважниот југозападен град Чунгкинг, температурите денеска надминаа 40 степени Целзиусови.
Метеоролошката служба, пак, предупредува дека високите температури ќе продолжат и во наредниот период.
Во провинцијата Жеџијанг, која се наоѓа на југоисточниот брег на Кина, официјален претставник на метеоролошката служба изјави дека е соборен претходниот рекорд по бројот на денови со високи температури во текот на годината, со 31 ден над 35 Целзиусови степени и 16 дена над 38 степени Целзиусови, пренесува Ројтерс.
Заедно со Чонгкинг, кој денеска имаше температура до 42,1 Целзиусови степени, Хубеи, Хунан, Шандонг, Анхуи, Ксинџијанг, Џиангкси и Фуџијан се меѓу провинциите и регионите каде температурите надминаа 35 степени Целзиусови, наведува британската агенција.
Кинеската метеоролошка служба минатата недела предупреди дека просечните температури во земјата се зголемија многу побрзо од глобалниот просек во изминатите 70 години и ќе останат „значително повисоки“ во иднина, бидејќи предизвиците од климатските промени се зголемуваат.