„На администрацијата ќе им купеле по еден шпил карти да не трошат струја со Солитаре“, реакции по мерките за штедење струја
Вклучување на болјер само кога тоа е потреба и по можност во ниска тарифа, готвење во помали садови и туширање со тенок млаз на вода, се дел од препораките за домаќинствата на Владата за следната грејна сезона кои се усвоени на вчерашната седница. Исто така државните објекти кои се во сопственост на централната власт се задолжени да го исклучат декоративното осветлување на фасадите. Не смее да се користи светло внатре во објектите во период кога има доволно дневна светлина. Во јавните објекти во сезона на ладење температурата да се мести не пониско од 27 степени, односно во сезоната на греење не повисоко од 20 степени.
Граѓаните на социјалните мрежи се шегуваат околу овие мерки, велат дека администрацијата која не оди на работа, а зема плата испадна најштедлива.
Како Елвис Бајрам че штеди струја? Ко че копа биткоини, копачот со една раа че го држи……
— МенталисТ (@SmetaloLevo) August 17, 2022
Една од мерките на владата за штедење струја е : жените да се ошишаа како Шинејд О'Конор, а мажите како Брус Вилис.
Така нема потреба од фен.— Атанасовски (@AdvokatNikolco) August 17, 2022
Од мерки за штедење на влада издвојуваме:
На администрацијата ќе им купеле по еден шпил карти да не трошат струја со Солитаре— Лев Каур (@bojankuk) August 16, 2022
Охридскиот маратон нема да се одржи бидејќи треба да се научиме на капење со тенок млаз вода.
— Боби (@BatmanSaysT) August 17, 2022
Пиши тенок млаз вода, мало тенџере и додади уште нешто pic.twitter.com/cZaZ3BJOPG
— Vlad? (@S7black7GMC) August 17, 2022
Во подршка кон Владините апели за штедење, почнав да се бањам со жена ми заедно!
— Драги Црни (@dragi_crni) August 17, 2022
Ќе дадат ли поконкретни насоки, кој број тенџерето, колку да биде тенок млазот…?
— 7️⃣ (@osmini_) August 16, 2022
Да се туширате со мал млаз вода, евентуално со влажни марамици да се пребришете.
— Томче (@Tomche29) August 16, 2022