Коментари

Актерот Јовановски безмилосен, му се обрати на Пендаровски: Има идеи, ама не знам дали не ги слушаш, затоа што си пред иселување од Македонија

Ако нема пари за одржување на “Охридскиот пливачки маратон”, тогаш под итно дислоцирање на истиот во Преспа, вели актерот Владо Јовановски

„По евтино е’, нема да има прекин на традицијата, а и еве го кај е Преспанско езеро, преку Галичица е’.

Плус, дури не мора да биде пливачки маратонот. Може да биде трчачки. Пр. “Преспански тркачки маратон во вода до колена”!

Така и ќе се подигне јавната свест за исчезнувањето на Преспанското езеро, а и на индиректен начин(преку туризам), ќе им се помогне на Ресенчани, кои се утепани од градот и од откупната цена на јаболкото.
Ако нема пари и за тоа, тогаш Дојран му е мајката, уф ѓољо.

Да ги видам сите светски пливачи, кој колку ќе издржи да се баина уф ѓољо(не мора да плива),само да клече до гуша и да се баина.?

На нај добриот ќе му се даде честа лично да го исчисти каналот “Ѓавато – Дојран”, канал кој до пред половина година го полнеше езерото со чиста и проточна вода.

Господине Пендаровски(покровителу на Охридскиот маратон), има идеи колку сакаш, ама не знам дали не ги слушаш, затоа што си пред иселување од Македонија, само што си спречен од функцијата што ја обавуваш. “Председател на Р. Македонија”!

Боже колку моќна позиција е таа! Колку убавини и добрини може да се сторат за Македонија од тоа место.

А Ти “Брат”, шу праиш?

Како Ти минува времево во овој меѓупериод, пред иселување, освен што правиш “журки”, за државни и национални празници, по дома?“, вели Јовановски.

На почеток