„Мисли на баба му е општинава, сериозно влегол во филм“, Јоци ја искоментира изјавата на Јакимовски
По изјавата на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, во која вели дека нема да ги почитува одлуките на Советот на Карпош, се огласи новинарката Јорданка Ивановска Јоци. Таа вели дека Јакимовски сериозно влегол во филм.
„Откако Советот му изгласа „Стоп за 28 катница на Партизанска” и му ги измешаа сметките, Стевчо Јакимовски изјавил нема да почитува одлуки на Советот на Карпош⁉️
Изгледа мисли на баба му е општинава.
Овој сериозно влегол во филм.
Али, тоа е добро, пошто со секој нов ден покажува дека не е лицето кое го мислевме кога го гласавме – си води батево лични војни по телевизии со Мицко и ништо не е пипнато во Карпош, освен што си коси тревичка.
Само што легна у фотелја, почна да малтретира со гасење на улично светло, за кое имено му плаќаме, а он со тие пари си покрива буџетски дупки. И продолжува да малтретира!
На добар пат е народ да му се собира пред општина“, стои во објавата.