Костадинов и Јакимовски ја напуштаат ЗЕЛС
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил информира дека ќе ја напуштат Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС).
„Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, утре ќе спремам и официјален допис, ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е. Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните! Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има! Нека ви е со среќа“, напиша Костадинов.
Сличен став има и градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски.
Тој вчеравечер најави дека ќе му се придружи на градоначалникот Костадинов во најавата да ја напуштат ЗЕЛС.
„И јас ќе се придружам на Општина Струмица. И така одамна се спремам да ја напуштиме ЗЕЛС. Нека си прават таму партиска забава“, вели Јакимовски
Читај повеќе: