Македонија

Ако градоначалниците се отповикуваат на референдум, тогаш нема да се случува ова што го имаме во Град Скопје, вели Ѓорѓиевски

Ако градоначалниците се отповикуваат на референдум, тогаш нема да се случува ова што го имаме во Град Скопје. Ова го посочува претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. Тој посочи: „има состојба во Град Скопје, таква каква што е, иницијатор за да го имаме овој момент, каде народот кој го дава мандатот, да може да го одземе мандатот“.

„Работат работни групи, ќе треба да се седне со Министерството за локална самоуправа, експертската јавност треба да се вклучи и од повикувањето што треба да се случува, треба да се врши на начин што, граѓаните по пат на референдум треба да можат да отповикаат градоначалник“, рече Ѓорѓиевски.

Според него, освен ова што се случува со Град Скопје, има и други неуспешни примери на градоначалници, па граѓаните останале без водовод, без училишта.

На почеток