Магазин

„Најопасниот човек на интернет“ забранет од Инстаграм и Фејсбук

Ендрју Тејт, поранешен кик-боксер кој стана познат по своите контроверзни ставови за машко-женските односи, е забранет од Инстаграм и Фејсбук, каде што го следеле над 4 милиони луѓе.

Тејт својата „забрана“ ја заработи откако објави видеа во кои зборува за удирање и гушење на жените, спречување да излезат надвор и уништување на нивните работи – што е директно кршење на условите за користење на двете социјални мрежи.

Британско-американската ѕвезда – веќе беше забранет на Твитер откако тврдеше дека жените треба да „сносат одредена одговорност“ за сексуален напад. Тој стана славен во 2016 година кога учествуваше во реално шоу. Потоа забележа пораст на следбеници во последниот месец особено на Инстаграм, со еден милион следбеници во јуни, во споредба со 4,7 милиони во моментот кога беше забранет неговиот профил.

Мета допрва треба да даде детали за отстранувањето на страницата.

Настапите на Тејт доведоа до снимањето на документарниот филм „Најопасниот човек на Интернет“.

На почеток