Одземена е суперјахта на руски олигарх, ќе оди на аукција
Властите на Велика Британија, ЕУ и САД го санкционираа рускиот олигарх Дмитријевич Пумпјански.
Неговата суперјахта вредна 75 милиони долари сега е на аукција.
Гибралтар го заплени Axiom во март, откако американската банка JP Morgan откри дека Пумпјански не платил заем од 20 милиони долари. Суперјахтата долга 72 метри ќе се најде на аукција во вторник, пишува Би-би-си.
„Аксиом“ е првиот луксузен брод што е запленет по воведувањето санкции на моќните Руси за нивниот напад врз Украина. Во неа може да спијат 12 лица, има шест кабини со дополнителен простор за 20 членови на екипажот, а вклучува и базен, џакузи, спа центар, 3Д кино, џет скии и опрема за нуркање.
Бидејќи на аукцијата ќе се најде само еден ден, се очекува да се продаде за помалку од проценетата вредност, а парите ќе одат во банката JP Morgan, пренесува Индекс.
Пумпјански, чие богатство се проценува на 1,84 милијарди фунти, е сопственик и претседател на компанијата за челични цевки ОАО ТМК, снабдувач на руската државна енергетска компанија Газпром.