Свет

Петков го тужи Борисов за клевета

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков го тужи лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов за клевета и бара отштета од половина милион лева или 250.000 евра. Како што вели, смачено му е да ги слуша лагите на Борисов.

„ Поднесов предмет за клевета против Бојко Борисов за половина милион лева. Смачено ми е да ги слушам неговите клевети, лаги за посредници, за провизии. Овој човек веќе е осуден за клевета, докажан лажго. Време е да ги запрете овие лажговци со нивните валкани трикови“ изјави Петков, пренесе БГНЕС.

„ Апсењето на Борисов е само првиот чекор, ќе го завршиме по 2 октомври“, се закани Петков и нагласи дека случајот ќе се води се додека лидерот на ГЕРБ не биде осуден.

„ Жалбата е за тоа што Борисов рече дека сме земале гас од посредници и дека сме земале провизии“, рече Петков.

Петков објасни дека цената на гасот што била договорена била под 30 евра.

На почеток