Претставата „Ковачи“ утре ќе се изведе во Театар Куманово
Претставата „Ковачи“ од Алек Попов, во режија на Деан Дамјановски, утре (6 септември) во 20 часот ќе биде изведена на сцената на Театар – Куманово.
Сценограф на претставата е Филип Јовановски, кој го направи и дизајнот на плакатот. Костимите се дело на Елена Вангеловска, драматург е Зоран Зафировски, а асистент сценограф е Крсто Богојевски.
– Денес сме сведоци на еден „култ“ кон среќата. Како постојано да ја бараме во секојдневните задоволства – храната, спортот, сексот, религијата, новите философии. Постојат цели индустрии кои ни продават „среќа“ – од „селф хелп“ индустријата, преку козметичката, до филмската. Ве очекуваме на нашата нова претстава. Претстава која нема да ве остави рамнодушни, претстава на која сме сигурни дека ќе уживате – најавуваат од Театарот – Куманово.
Актерска екипа ја сочинуваат: Антонио Димитриевски, Кети Дончевска-Илиќ, Горан Илиќ, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ, Давид Илиќ, Марко Трајковиќ.