Магазин

Промена на батериите на автомобил стар 10 години – 30.000 евра

Не е новост дека електричните и хибридните батерии за автомобили се навистина скапа компонента. Сепак, навистина е тешко да се поверува во огромните трошоци за поправка на генерички автомобил со неколкугодишна употреба.

Сметката од Роџер Дин Шевролет од Флорида стана вирална на социјалните мрежи поради високата цена што продавницата имала намера да му наплати на купувачот за да ја замени мртвата батерија на неговиот Шевролет Волт Хибрид.

Имено, сметката далеку ја надминува моменталната вредност на возилото на пазарот на половни автомобили, пишува Јутарњи.хр.

Поточно, се работи за батерија за Volt Hybrid од 2012 година со поминати нешто повеќе од 113.000 километри. Сервисот бара 27.000 евра за нова батерија, 1.202 евра за работа и уште 34 евра за течноста за ладење. Тоа се вкупно 29.905 евра.

Најлудото нешто во оваа приказна е тоа што се работи за Шевролет Волт од 2012 година со повеќе од 100.000 километри што се проценува на околу 9.000 евра во САД. Тоа значи дека трошоците за замена на батеријата тројно ја зголемуваат пазарната вредност на возилото. За среќа, тоа е само прелиминарна фактура, а клиентот не се одлучил за услугата.

Вработениот во сервисот објасни дека „оваа проценка е за возило старо 12 години без гаранција и за батерија што е исклучително тешко да се добие поради постара технологија“, и дека „деловите се набавуваат од добавувачи надвор од Шевролет“. Вработениот ја споредува батеријата со првите телевизори со рамен екран, кои биле екстремно скапи, а со текот на времето поевтиниле.

На почеток