Кога ќе пристигне првото електрично Ферари
Планот е електричните автомобили да сочинуваат 40 отсто од продажбата до 2030 година.
Како што фановите на Ferrari мораа да се соочат со фактот дека сега се нуди подигнат модел со четири седишта, така доаѓа и нов шок од италијанскиот производител. Првиот човек на компанијата Бенедето Виња го потврди доаѓањето на електричниот модел.
Во интервју за Top Gear тој изјави дека тоа ќе биде „уникатно, вистинско Ferrari“.
На некој начин оваа вест беше очекувана, бидејќи Виња неколку месеци претходно изјави дека Ферари може да се носи со дополнителната маса како резултат на електричниот погон, а притоа да ги задржи препознатливите возни карактеристики на најпрестижната италијанска автомобилска марка.
„Работиме да ја задржиме душата на „машината“ потпирајќи се на долгогодишното искуство и експертиза“, рече Виња по патентните скици на автомобил со модули за батерии поставени под и зад седиштата, како и електричен автомобил со четири електрични мотори, протекоа во јавноста.
За електричниот модел се знае многу малку, а производителот зборува општо кога зборува за овој иден автомобил.
Првото електрично Ferrari ќе пристигне во 2025 година, а планот е електричните автомобили да учествуваат со 40 отсто од продажбата до 2030 година. Чистокрвните бензински автомобили би имале удел од 20 отсто, а останатите 40 отсто би отпаѓале на хибридите.
Затоа, не е чудно што Виња, кој пристигна од STMicroelectronics, стана директор на Ferrari. На крајот на краиштата, електрифицираните 296 GTV и SF90 Stradale јасно покажуваат кон што цели Ферари и како ја гледа иднината на суперспортските автомобили.
Навистина, кросоверот Purosangue пристигна со V12 мотор, но има простор и за хибриден погон.
За потсетување, Ferrari ќе лансира уште 14 автомобили до 2026 година, вклучувајќи и еден хиперспортски модел.