Свет

Путин ќе присуствува на завршната фаза од стратешките командно-штабни воени вежби „Восток 2022“

Претседателот на Русија пристигна на полигонот Сергеевски во Приморски крај, каде се одржува завршната фаза од стратешките командно-штабни воени вежби „Восток 2022“.

„Во моментов Путин одржува состанок со претставници на Министерството за одбрана. Таму се и министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов“, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Како што прецизираше, средбата е затворена. Потоа Путин ќе се врати на островот Руски каде ќе одржи состанок за развој на туризмот, а ќе разговара и со гувернерот на Приморскиот крај.

Стратешките вежби „Восток 2022“ се одржуваат од 1 до 7 септември на седум полигони на Источниот воен округ, а во нив учествуваат повеќе од 50.000 луѓе, употребени се над 5.000 единици оружје и воена опрема, од кои 140 авиони, 60 борбени бродови, чамци и други пловни објекти.

Заедничките операции, исто така, ги надгледуваат раководните оперативни групи, воени контингенти и набљудувачи од ОДКС, ОДКБ и други партнерски земји, вклучувајќи ги Азербејџан, Алжир, Ерменија, Белорусија, Индија, Казахстан, Киргистан, Кина, Лаос, Монголија, Никарагва, Сирија и Таџикистан.

На почеток