Ердоган: Путин е во право, житото оди во богатите, а не во сиромашните земји
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во Загреб се согласи со изјавата на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Во средата Путин рече дека житарките извезени според договорот потпишан со посредство на Турција и ОН не стигнуваат до најсиромашните земји, што е вистинската цел на договорот.
„Путин е во право, житото оди во богатите, а не во сиромашните земји, а нашата цел беше да обезбедиме испорака на жито до сиромашните. Русија, додека траат санкциите против неа, не сака да се доставува жито на земјите што ја санкционираат. Ова му пречи на Путин“, рече Ердоган.
За да стигнат доволни количини жито во сиромашните земји, турскиот претседател смета дека треба што поскоро да се започне со испорака на жито од Русија.
Тој најави дека за тоа ќе разговара со Путин на регионалниот самит во узбекистанскиот град Самарканд на крајот на септември, пренесе Хина.
Ердоган ова го изјави како одговор на прашање на турски новинари за испорака на енергија во Европа и испорака на жито од Украина, велејќи дека не сака да зборува за енергија.