Почина кралицата Елизабета Втора
Кралицата Елизабета Втора, монархот со најдолг стаж во Велика Британија, почина во Балморал на 96-годишна возраст, откако владееше 70 години, објави BBC.
Нејзиното семејство се собра на нејзиниот имот во Шкотска, откако претходно во четвртокот се зголеми загриженоста за нејзиното здравје.
Кралицата дојде на тронот во 1952 година и беше сведок на огромни општествени промени.
Со нејзината смрт, нејзиниот најстар син Чарлс, поранешниот принц од Велс, ќе ја води земјата во жалост како нов крал и шеф на државата за 14 кралства на Комонвелтот.
Во соопштението, Бакингемската палата рече: „Кралицата почина мирно во Балморал попладнево.
„Кралот и кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер и утре ќе се вратат во Лондон“.