Магазин

Хари на интернет дознал дека неговата баба починала

Сурфајќи на интернет, принцот Хари и брат на престолонаследникот Вилијам, налетал на веста дека неговата баба, кралицата Елизабета II, починала.

Како што објави Page Six, тој очајнички се обидувал да дојде до неа на време за да се поздрави, а лошата вест ја дознал читајќи ги порталите. За жал, тој пристигна во Балморал два часа по нејзината смрт.

Анонимен извор рекол дека кралот Чарлс III утрото му се јавил на принцот Хари и му рекол дека треба да дојде во Шкотска бидејќи нејзиното здравје е многу лошо. Меѓутоа, подоцна никој од кралското семејство не го известил дека кралицата починала.

Хари и Меган Маркл по погребот останаа уште неколку дена во Лондон и покрај тоа што се во лоши односи со остатокот од семејството. Британските медиуми објавија дека „двете страни се обидуваат да ги решат несогласувањата“.

„Исто така, сакам да ја изразам мојата љубов кон Хари и Меган додека тие продолжуваат да ги градат своите животи во странство“, рече Чарлс претходно.

За потсетување, Хари и Меган живеат во Калифорнија со нивниот син Арчи и ќерката Лилибет.

На почеток