Скопје

175 казнети возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 15 мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се девет мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток