Магазин

Пред нејзината смрт, Дијана откри што мисли за Чарлс како иден крал: „Тој треба да најде душевен мир“

Кон крајот на нејзиниот живот, принцезата Дијана не ја сакаше идејата Чарлс да стане крал. Во интервју за BBC Panorama во ноември 1995 година, две години пред трагично да почине, Дијана зборуваше за неговата способност да биде иден крал.

За време на интервјуто за Панорама, новинарот Мартин Башир ја праша Дијана: „Дали мислите дека би било пологично, со оглед на брачните тешкотии што ги имате вие ​​и принцот од Велс, круната директно да му се предаде на вашиот син Вилијам?“

Принцезата Дијана одговорила: „Па, Вилијам е многу млад во моментот, дали сакате таков товар на неговите рамена на таа возраст? Така што не можам да одговорам на тоа прашање“. Во тоа време Вилијам имаше 13 години.

Башир извршил дополнителен притисок врз принцезата и ја прашал дали сака принцот Вилијам да ја наследи кралицата кога тој ќе биде полнолетен. Дијана беше многу одмерена и рече: „Мојата желба е мојот сопруг да најде мир и од тоа следуваат и други работи, да“.

На почеток