Магазин

(ВИДЕО) Констракта го „запали“ Скопје: 7/8 такт за Македонија, хитови и скијање на сцена

Констракта и „Земја грува“ направија журка која уште долго ќе се памети на плоштадот пред Филхармонија. Одбрана публика и авторски песни, текстови кои не се забораваат, а кулминација имаше кога Констракта ја испеа „In Corpore Sano“, песната со која ја претставуваше Србија на Евровизија.

На публиката и подари и македонско вино за да наздрават, по некое време рече: „Имав премногу настапи, простете ми што не можам да скокам со вас“. Не заборави ниту да ја потсети публиката и додаде: „Некогаш повеќе заработував како управител на зграда, а сега од настапи“, по што сите се насмеаја на нејзина сметка.

Констракта ја испеа „Мама“ еден од најголемите хитови кои го има „Земја грува“. Во еден глас се пееше „НОБЛ“, но и „Мекано“. На сцената, со бас гитара, Маша која е дел од бендот направи вистински спектакл. Таа и најмладиот член на „Земја грува“.

Пред крајот, кога Констракта се врати на сцената по барање на публиката, тоа го направи со познатиот 7/8 такт.

Публиката беше импресионирана од журката која ја приредија Констракта и „Земја грува“. Два часа, без престан, центарот на Скопје уживаше со нив. Тие беа дел од фестивалот „Звукот на Скопје“.

На почеток