Актуелно

САД ќе го брани Тајван во случај на кинеска инвазија

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД ќе го бранат Тајван во случај на кинеска инвазија.

Тоа е неговата „најексплицитна изјава“ досега за тајванското прашање и сигурно е дека тоа ќе го налути Пекинг, наведува Ројтерс.

Во интервју за мрежата „Си-Би-Ес“ во неделата, на прашањето „дали американските сили ќе бранат демократски остров за кој Кина тврди дека е свој“, Бајден одговори потврдно.

„Да, ако има напад без преседан“, рече Бајден.

Запрашан да разјасни дали сака да каже дека, за разлика од Украина, американските сили – мажи и жени – ќе го бранат Тајван во случај на кинески напад, тој повтори „да“.

Ројтерс потсетува дека САД долго време се држат до политиката на „стратешка нејасност“ и не дадоа јасен одговор дали ќе одговорат воено во случај на напад на Тајван.

Портпаролот на Белата куќа изјави дека американската политика кон Тајван не е променета.

На почеток