Вучиќ: „Путин не блефира, само тоа можам да кажам“
Претседателот на Србија Александар Вучиќ во емисијата „Разбуди се Америка“ зборуваше на американскиот ТВ канал Newsmax.
Вучиќ моментално е во Њујорк за да учествува на 77. Генерално собрание на Обединетите нации.
Имаме традиционално добри односи со Русија и Украина“, нагласи Вучиќ. Тој додаде дека Србија не е на ничија страна и дека секогаш ќе ја осудува војната.
„Се надеваме дека мирот ќе победи и дека сите ќе направат се за да се постигне компромис. Тоа е подобро отколку да чекаме нечиј пораз. Се сретнав со Путин неколку пати и не верувам дека блефира. Тоа е се што можам да кажам. “, додаде Вучиќ на прашањето за најавата на рускиот претседател.
Тој рече дека за прв пат ја видел изјавата на претседателот на Иран, Ебрахим Раиси за холокаустот и посочи дека Србите се блиски пријатели на Евреите и дека холокаустот се случил.
Водителот побара од Вучиќ да го спореди неговиот однос со претседателот Бајден со неговиот однос со Доналд Трамп.
„Со Бајден се сретнав четири пати, а со Трамп два пати. Бајден беше еден од најподготвените претседатели за политичка дискусија досега. Трамп сфати дека економијата може да не поврзе“, објасни Вучиќ.