„Вака Чаушеску тераше и на крај се заврши ко што се заврши“, реакции за луксузирањето на Владата


Свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра за Владата иако се продлабочува економската криза. Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила три договори со фирма од Скопје од која ќе ја снабдува храната, пренесува Алсат.
Првиот договор е вреден 787.500 денари или повеќе од 12.800 евра. За оваа сума, договорната компанија е должна да ја снабдува Владата само со свежа риба.
Вториот договор е вреден 262.500 денари или 4.268 евра. За оваа сума Владата ќе се снабдува со замрзната риба и октопод.
Додека третиот договор меѓу Владата и фирмата добавувач бил направен за морски плодови и бил вреден 210.000 денари или 3.415 евра.
Вкупната вредност на трите договори е 1.260.000 денари или околу 20.487 евра.
Граѓаните на социјалните мрежи велат дека и Чаушеску вака терал и на крај се заврши ко што се заврши.
Скенирај фискални ти и готви у мало тенџере. pic.twitter.com/c91baTxuJE
— На Твитер најубавиот (@natwnajubaviot) September 21, 2022
Владата се луксузира со риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра….дип криза инаку за 75.000 ке си порачаше.
Штедете вие!!!— Мирка (@svirce3) September 21, 2022
Набавка на морски плодови > Набавка на министер за 1 ден.
— 👾 Мила На Мајка 👾 (@_shieldmaiden89) September 21, 2022
Битно за октопод и морски плодови има, а на другите ќе ви ја ограничуваат струјата на која ќе се грееете. pic.twitter.com/LMJxstkKt6
— MirindA (@MirindMkd) September 21, 2022
Од бадеми фстаци лешници до позлатен прибор и морски животинки. Вака Чаушеску тераше и на крај се заврши ко што се заврши
— 🎭ΛΙΛΞ ΝΞΥΡΟΖΝΑΤΑ🎭 (@Biktop16) September 21, 2022
