Магазин

Дина Јашари ја доби регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“

Дина Јашари, младата македонска кантавторка добитник е на наградата „Милан Младеновиќ“ која се доделува во чест на фронтменот на групата „Екатерина Велика“. Доделувањето на наградата се одржа вчеравечер во Белград, на натпреварот во организација на Фондацијата „Милан Милановиќ“. Песната на Дина, „Дома“ освои најмногу гласови од стручното жири.

На примањето на наградата Дина се заблагодари на сите кои ги поддржуваат уметниците од регионот и истакна дека оваа награда е голема поддршка за неа и нејзината музика.

Оваа година победникот го прогласи минагодишната победничка Ана Ќурчин, додека Маја Маричиќ во име на Фондацијата Милан Младеновиќ и ја врачи наградата на Дина Јашари.

На почеток