Магазин

Уметниците со отворено писмо до македонската Влада, бараат да почне изградбата на филмскиот град што ќе го предводи Џон Малкович

Истакнати македонски, српски и балкански професори, театарски, филмски и музички уметници упатија отворено писмо до македонската Влада да започне со реализација на проектот „Скопје технолошки парк“ за реализација на филмскиот град. Ова дојде по најавата за основање на филмски и музички студија во Скопје, „Стоунбриџ Студиос“, кои би ги предводеле врвните холивудски ѕвезди Џон Малкович, Мат Дилон и Д.В.Мофет ги обедини

Меѓу потпишаните се и Драган Бјелогрлиќ, Мики Манојловиќ и Срџан Драгоевиќ.

„Македонската и пошироко балканската јавност, неодамна беше почестена со несекојдневни информации околу најавата за основање на филмски и музички студија во Скопје т.н. Стоунбриџ Студиос, кои би биле предводени од врвните холивудски дејци како Џон Малкович, Мат Дилон и Д.В.Мофет. Филмскиот град, како што се најавува еден од најмодерните во Европа, е дел од многу поголем проект наречен Скопје Технолоџи Парк (СТП), прва приватна иницијатива за формирање на академско-технолошки нуклеус и генератор на идниот економски раст и едуцирана работна сила способна да се носи со предизвиците на 21 век. Оваа приватна иницијатива е претставена од компанијата СТП Капитал Партнерс Холдингс Скопје, македонска компанија основана од странски компании и професионалци кои доаѓат од Франција, САД, Србија и други држави.
Еден од татковците на Европската Унија, Жан Моне (Jean Monnet), ќе остане запаметен во светската историја со неговата реченица: „Ако Европа повторно требаше да се гради, требаше да започне од културата!“ Овој голем интернационален проект СТП ќе биде вистински доказ дека македонската Влада, прифаќајќи го како стратешки проект, ќе внесе голем импулс и круцијален ангажман во своите евро-атлански интеграции.
Ние, долупотпишаните, академски професори, театарски, филмски и музички уметници, амбасадори на македонската, српската, балканската и европската култура, јавно ја подржуваме македонската Влада да отпочне со реализација на проектот СТП и преку него, реализација на филмскиот град. Свесни дека од осамостојувањето до денес, оваа иницијатива претставува еден од највозбудливите и најперспективните предизвици за севкупен економски, културен и технолошки исчекор на македонското општество, сакаме да ја охрабриме Владата за брзо и неодложно остварување на проектот СТП.
Верувајќи во искрените напори на Владата дека работи за интересите на своите граѓани и на државата која ја претставуваат, ги ставаме во функција сите наши академски и професионални капацитети одлуката која ќе ја донесе за доделување на статус на стратешка инвестиција на СТП, да помогнеме да ја спроведеме во дело.
Уште во шеесетите години од XX век, големиот швајцарски писател Никола Бувие (Nicolas Bouvier 1929-1998), голем заљубеник во Балканот, во својот бест-селер книгата „Употребата на светот“ објавена на многу јазици на сите меридијани ја запиша бесмртната реченица „Балканот е срцето на Европа“.
Токму со ваквите проекти Балканот ќе стане вистинско срце на Европа!
Искажувајќи нескриен оптимизам, и разбирајќи го проектот како ретка надеж и ефективен начин за спречување на болниот одлив на млада и едуцирана работна сила од земјата, ве повикуваме да ја донесете единствената одлуката која сите граѓани на оваа држава ја очекуваат од вас.
Срдечен поздрав,
“Ако повторно треба да ја градиме Македонија, а треба, тогаш треба да почнеме од културата”, стои во објавата.

На почеток