Актуелно

46-годишен пациент доби срце од починат донор

Денеска на Клиниката за кардиохирургија била извршена трансплантација на срце од починат донор. Освен трансплантацијата на срце, на Клиниката за урологија се прават уште две трансплантации на бубрег, а во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување, информираат од МЗ.

„Рано утрово на Клиниката за државна кардиохирургија 46-годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор и нова шанса за живот. Во моментот, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои беа долги години на дијализа. Дополнително во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување“, стои на фејсбук-страницата на Министерството за здравство.

„Голема благодарност до семејството на донорот, до нејзините три исклучително хумани ќерки кои во моменти на најголема тага одлучија да ги донираат органите и да спасат не еден, туку неколку животи. Уште еднаш ни покажаа дека хуманоста и добрината се доблести кои треба да ги чуваме и негуваме.

Би сакал да се заблагодарам и на уште едно семејство на младо момче кои вчера и покрај својата голема болка исто така изразија подготвеност да ги донираат органите.
Овие две смејства ја ставија емпатијата над сопствената болка и траума и благодарение на нив не еден туку неколку пациенти добија шанса за нов живот.

До колегите лекари од клиниките за КАРИЛ, неврохирургија, кардиохирургија, урологија, нефрологија, кардиологија, трансфузиологија, рендген, ортопедија, како и до болничките координатори и до националниот координатор за трансплантација, кои заедно изминативе 24 часа работеа и сè уште работат, им благодарам за сета пожтвуваност која ја покажаа овие два дена.

На пациентите кои добија орган им посакувам побрзо закрепнување“ истакна во соопштението министерот за здравство, Беким Сали.

На почеток