Актуелно

Полски министер и се заблагодари на Америка за оштетувањето на гасоводот

Европскиот парламентарец и поранешен полски министер за надворешни работи Радослав Сикорски и се „заблагодари“ на Америка за оштетувањето на гасоводот „Северен тек“.

„Мала работа, но многу радост. Ви благодариме САД“, објави Сикорски на својот Твитер профил и објави фотографија од местото на несреќата на гасоводот Северен тек, пренесува ТАС С.

Притоа, Сикорски го цитираше американскиот претседател Џо Бајден, кој на 7 февруари се закани дека САД ќе го затворат Северен тек доколку руските војници ја преминат украинската граница.

На почеток