Свет

Германија е во екстремно напната ситуација, вели Хабек

Германија е во „екстремно напната ситуација“ во однос на снабдувањето со енергија.

Ова го изјави министерот за економија Роберт Хабек, еден ден откако владата постави „штит“ за заштита на Германците од влијанието на растот на цените на енергијата, пренесува Ројтерс.

„Сè уште сме во вонредна ситуација. Ако не штедиме, ако домаќинствата не ја намалат потрошувачката, сепак ризикуваме да немаме доволно гас за зимата“, изјави тој за радиото Дојчландфунк.

И покрај владиниот „одбранбен штит“ од 200 милијарди евра (196,4 милијарди долари), Хабек додаде: „Ние нема да ја субвенционираме цената на гасот како што беше во 2021 година, не за долго време“.

На почеток