Македонија

ДУИ може без Груби, а вицепремиерот вели: Нема раскол

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али Ахмети, посочи дека можат да функционираат без т.н. „огнена група“ односно членовите кои бараат смена на вицепремиерот. Груби, смета дека има најмалку заслуги за успесите на ДУИ.

„Не само ДУИ, било која партија, било која институција, било кој општествен процес може без секого. Никој не е незаменлив. Но се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи и успешно реализирање на проекти“

Тој останува на функцијата која ја извршува и негова смена, не е најавена, и покрај барањата на т.н. „огнена група“ од скопското крило.

„Јас имам најмалку заслуги, најмногу има Али Ахмети, граѓаните и народот кој не гласал. Сите достигнување на ДУИ го носат потписот од 2002 до 2022 година“, вели Груби.

Тој е дециден и додава: „Нема раскол во ДУИ. Сите се построени позади Али Ахмети“

На почеток