„Eдното дете го давеше, а другото го удри“: Анџелина Џоли откри шокантни детали
Актерката Анџелина Џоли (47) поднесе противтужба против нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит (58), а во неа упати сериозни обвинувања против него, објаснувајќи го инцидентот што го нарече злоупотреба, а кој наводно се случил во приватен авион во 2016 година.
Адвокатите на славната актерка вчера поднесоа тужба во Лос Анџелес, а во неа има наводи за расправија во авионот на 14 септември 2016 година, која наводно довела до поднесување барање за развод неколку дена подоцна.
„Кога едно од децата вербално ја бранеше Анџелина Џоли, Пит се нафрли по сопственото дете, а Џоли го фати одзади за да го спречи“, се наведува во списите доставени до судот.
“Децата побрзаа и храбро се обидоа да се заштитат едни со други. Пред да заврши се, Пит го гушеше едното од децата, а другото му удри шлаканица во лицето. Некои од децата го молеа Пит да престане. Сите беа преплашени”, стои во противтужбата.
Се наведува и дека за време на „многуте напнати часови од летот“ Пит „повремено излегувал од задниот дел на авионот, викал и пцуел“. Во „еден момент ја полил Џоли со пиво, а во друг ги полил децата со пиво и црвено вино“.
Адвокатите на Бред Пит се уште не дале изјава за ова прашање.