Пет лица загинаа во престрелка во Северна Каролина
Пет лица загинаа во престрелка што избувна во Рали, главниот град на американската сојузна држава Северна Каролина, меѓу кои и еден полицаец.
Најмалку две лица, меѓу кои уште еден полицаец, се ранети и пренесени во болница, изјави градоначалничката Мери-Ен Болдвин на прес-конференција.
– Мораме да направиме повеќе. Мораме да го запреме ова бесмислено насилство во Америка – изјави Болдвин.
Осомничениот за престрелката е бел тинејџер, кој бил вооружен со пушка, објави ВТВД.
Полицијата го уапсила осомничениот откако затворила дел од градот и организирала масовна потера која траела неколку часа, јавува Ројтерс.
– Кошмарот на секоја заедница дојде во Рали. Ова е бесмислен, ужасен и разорен чин на насилство што беше извршен – рече гувернерот на Северна Каролина Реј Купер на прес-конференција.
Полицијата не соопшти детали за тоа како се одвивала пукањето, ниту пак кажа нешто повеќе за околностите на апсењето, пренесе Телеграф.