Свет

„Тврдењата на Борељ не се ништо повеќе од параноја“, вели Медведев

Тврдењата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борељ, за можноста од руски нуклеарен напад врз Украина, не се ништо повеќе од параноја.

Ова денеска го изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Да ја оставиме паранојата за руски нуклеарен напад на неговата совест“, рече Медведев, коментирајќи ја изјавата на Борељ, пренесе Тас.

Борељ рече дека Западот ќе одговори силно, но не со нуклеарно оружје, во случај на руски нуклеарен напад врз Украина.

На почеток