Актуелно

Гори околу Запорожје

Украинската армија ја гранатира многу важната инфраструктура на нуклеарната централа Запорожје и градот Енергодар.

Гранатирани се техничкиот комплекс и административните згради на нуклеарната централа, како и хидроелектраната и фабриката „Енергомас“, јавува дописникот на Спутник.

Територијата на фабриката „Енергомаш“, која произведува важна опрема за нуклеарната централа, постојано е гранатирана од правец на десниот брег на Днепар.

Оштетена е опрема во неколку погони.

Според локалните власти, гранатирањето е координирано со беспилотни летала.

На почеток