Актуелно

Украина нуди 100.000 долари за поранешен руски агент

Украинската Воена разузнавачка служба (ГУР) нуди 100.000 долари за поранешниот агент на руската Федерална служба за безбедност Игор Гиркин Стрелков.

„ГУР гарантира 100.000 долари за заробениот Игор Гиркин – Стрелков“, објави украинското Министерство за одбрана на Фејсбук и другите социјални мрежи.

Стрелков, наводно, се приклучил на војната во Украина во последните денови, како што пренесуваат украинските медиуми.

Во 2014 година, Стрелков беше во центарот на настаните во Украина.

Како што пренесуваат украинските медиуми, тој со група вооружени лица пристигнал на Крим, каде, според неговото признание, ги принудиле локалните советници да гласаат за референдум за отцепување.

По референдумот тој го напушти Крим, но набрзо повторно влезе во Украина, овој пат во регионот на Доњецк, повторно со група вооружени лица.

Украинските медиуми јавуваат дека неговиот тим ги окупирал административните згради во Славјанск и најавил создавање на самопрогласената ДНР.

Тој дури извесно време беше и министер за одбрана на ДНР.

По конфликтот со локалните водачи на ДНР, тој беше вратен во Русија.

На почеток