Западот предупреден: Таквата еднострана одлука би довела до прекин на снабдувањето со енергија
Извршниот директор на Гаспром, Алексеј Милер, изјави дека плановите за ограничување на цената на рускиот гас ќе предизвикаат запирање на испораките на овој енергетски производ, пренесе Ројтерс.
Војната во Украина ги принуди купувачите од Европската унија да го намалат увозот на руска енергија, додека Г7 и ЕУ се обидуваат да стават ограничување на цената на руската нафта и гас.
„Таквата еднострана одлука е, се разбира, кршење на постоечките договори, што би довело до прекин на снабдувањето со енергија“, изјави Милер за руската државна телевизија, пренесе Ројтерс.
Пред Милер, рускиот претседател Владимир Путин рече дека може да има прекини во снабдувањето со енергија доколку дојде до ограничување на цените, предупредувајќи дека Западот може да биде „замрзнат“ како волкот од познатата руска бајка.