Зеленски: „Клучните жаришта во Донбас се Соледар и Бахмут“
Од
Објавено на
Жестоки борби се водат околу два града во Донбас – Соледар и Бахмут, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Клучните жаришта во Донбас се Соледар и Бахмут“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање, пренесе Ројтерс.
„Таму се водат многу жестоки борби“, истакна тој.
Градот Бахмут беше следната цел на руските вооружени сили во нивното напредување низ регионот на Доњецк, откако ги освоија клучните индустриски градови Лисичанск и Северодонецк во јуни и јули, објави агенцијата.
Соледар се наоѓа северно од Бахмут.