Актуелно

Турција: „Предлогот за Путин и Зеленски се уште е на маса“

Се уште не е можна средба меѓу претседателите на Русија и Украина, изјави советникот на турскиот претседател Реџеп Ердоган

Се уште важи предлогот на турскиот претседател за организирање средба меѓу Путин и Зеленски, изјави денеска советникот на турскиот претседател.

„Предлогот на нашиот претседател се уште е на маса“, изјави главниот советник на Ердоган Ибрахим Кан за турската телевизија.

Меѓутоа, како што рече, по одлуката на Москва за одржување референдуми во ДНР, ЛНР, дел од Запорожје и Керсон, Путин гледал негативно на можноста за разговори, а украинската страна изјавила дека „нема да преговараат додека не се поништи анексијата“, рече тој пренесе Тас с.

„Турција е единствената земја која прави напори за мирно решение во Украина“, рече Калин, оценувајќи и дека конфликтите во таа земја ќе продолжат.

На почеток