Свет

„Вработените во нуклеарната централа Запорожје се уште се заробеници на Русите“, вели шефот на „Енергоатом“

Околу педесетина вработени во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, која од март е под окупација на руските сили, „се уште се заробеници“ на Русите, изјави шефот на украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“.

Од почетокот на руската инвазија на крајот на февруари, повеќе од 150 вработени во штабот беа заробени, а некои се ослободени, но има луѓе на кои се уште не се знае каде се наоѓаат, рече Петро Котин и додаде дека некои се убиени, а некои биле мачени.

Тој рече дека Енергоатом ќе објави список со имиња на вработени кои се уште се во руски раце и ќе ја повика меѓународната заедница да помогне во нивното ослободување.

На почеток