Актуелно

Трамп на судењето за силување: Таа не е мој тип

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сведочеше под заклетва во врска со наводите за силување што ги покрена против него писателот И. Џин Керол.

Трамп за време на неговото сведочење ги негираше сите обвинувања, пренесува Ројтерс.

Вчерашното сведочење дојде една недела откако федералниот судија го одби барањето на Трамп за одложување на постапката.

Керол тврди дека пријателската средба со Трамп во бутикот Бергдорф Гудман во 1995 или 1996 година станала насилна кога милијардерот ја турнал до ѕид во соблекувалната, ѝ ги откопчал панталоните и ја силувал.

Адвокатот на Трамп, Алина Хаба, по сведочењето изјави дека Трамп е задоволен бидејќи имал можност повторно да ја докаже вистината.

„Овој случај не е ништо повеќе од политичка измама како и многу други во долгата листа на лов на вештерки против Доналд Трамп“, рече Хаба.

Трамп претходно изјави дека Керол „не е негов тип“. „Ќе кажам со голема почит. Број еден, таа не е мој тип. Под два, тоа не се случи“, рече Трамп во интервју за весникот Хил.

Керол објави дека планира да го тужи Трамп за злоупотреба и емоционална вознемиреност. За време на изборната кампања во 2016 година, повеќе од 10 жени го обвинија Трамп за несоодветно однесување во претходните години. Тој ги негираше сите овие наводи и рече дека овие жени лажат, потсетува британската агенција.

На почеток