Актуелно

Би-Би-Си: Путин ја зголемува состојбата на готовност

Путин ја зголемува состојбата на подготвеност во речиси сите руски региони, пишува Би-Би-Си.

Рускиот претседател, како што се наведува, воведува се построги безбедносни мерки во регионите на територијата на Русија, а ја прогласи и првата воена состојба во четирите региони што ги анектираше Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.

„Путин е под огромен притисок. Украинците ги враќаат териториите што ги окупираа со контраофанзива, руските региони долж границата со Украина се под постојани напади, а општата мобилизација на населението донесе многу немири во Русија. Наместо да признае дека инвазијата на Украина била грешка, Путин сака уште поголема контрола“, пишува Би-Би-Си.

Путин ја подигна состојбата на готовност на „средна“ во руските региони на границата со Украина. Во превод, тоа значи сè повеќе полиција на улиците, ограничувајќи го движењето, како и контролирање и ограничување на влезот и излезот од регионот.

Следниот чекор е да се подигне состојбата на готовност на „високо“, што би ја зафатило јужна Русија, но и Москва, чии жители стравуваат дека таквиот потег целосно ќе им го наруши секојдневието. Во врска со ова се огласи и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, кој рече дека нема потреба за грижа, иако граѓаните се скептични.

Најслаб степен на подготвеност е на северот на Русија, во Сибир и на Далечниот Исток, но сите регионални лидери мораа да формираат оперативни штабови. Тие добија наредба да бидат целосно достапни за армијата и нејзините потреби во секое време, што, како што тврди Би-Би-Си, автоматски и дава на армијата многу поголеми овластувања.

На почеток