Свет

Денеска средба на министрите за надворешни работи од Берлинскиот процес

Во рамките на Берлинскиот процес, кој го иницираше Ангела Меркел, денеска ќе се одржи средба на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во таа иницијатива.

Берлинскиот процес продолжи вчера со средба на министрите за внатрешни работи на земјите учеснички – осум членки на ЕУ, актуелниот претседател на ЕУ, како и претставници на Европската комисија и земјите од Западен Балкан за борба против илегалната миграција, корупција и организиран криминал и џихадисти.

Во понеделник е планирана средба на министрите за енергетика, а сите овие средби се подготовка за Самитот на Берлинскиот процес кој ќе се одржи на 3 ноември. Берлинскиот процес го иницираше Ангела Меркел со цел да се подобри соработката во регионот на Западен Балкан, со цел побрзо да се подготви за можно членство во ЕУ преку зајакнување на регионалната соработка.

На почеток