Актуелно

Голем пожар во Мексико, цистерна удри во надвозник

Голем пожар избувна во централно Мексико кога цистерна со гориво удри во надвозник покрај железничка пруга.

Густ чад брзо ја покри областа, по што дошло до голема евакуација. Нема жртви, соопштија локалните власти.

Мигел Муриљо, началникот на противпожарната бригада Агуаскалиентес, изјави дека меѓу 800 и 1.000 луѓе биле евакуирани.

Од куќите итно се евакуирани 12 лица, а нема повредени, додаде Муриљо, но едно лице имало проблеми поради вдишување чад.

Возачот на цистерната е уапсен, додаде Муриљо.

На почеток