Зеленски: Руски терористи ги разнеле агрегатите на хидроцентралата Каховка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера вечер изјави дека Русите разнеле хидроцентрала во областа Керсон на југот на неговата земја.
„Според нашите информации, руски терористи ги разнеле агрегатите на хидроцентралата Каховка“, рече Зеленски во редовното ноќно обраќање до граѓаните преку социјалните мрежи.
„Во случај на уништување на браната… Каналот Северен Крим едноставно ќе исчезне“, што би било „катастрофа од големи размери“, рече Зеленски.
За оваа можност тој веќе зборуваше на самитот на Европската унија.
Хидроелектричната брана Хаковка на реката Днепар е под контрола на руската армија и недалеку од линијата на контакт со украинските сили.
Каналот Северен Крим долг 400 километри се користи за одводнување на почвата и за наводнување на земјоделско земјиште и снабдување со вода за индустријата и населението во регионот Керсон на југот на Украина и на полуостровот Крим.
Изграден е од 1957 до 1971 година по идеја од 19 век.
Според податоците од 2015 година, тој канал обезбедувал 85 отсто од потребната вода на Крим, најмногу за земјоделството, а помал дел за индустријата и потребите на населението. Каналот започнува од акумулацијата Каховка, која се напојува од реката Днепар, а покрај неа има седум резервоарски езера.
Украина го затвори севернокримскиот канал во 2014 година. по руската анексија на Крим, но протокот на вода беше обновен во март годинава за време на руската инвазија.