„Крајот нема да дојде наскоро, Путин ни покажа две работи“, вели австриски министер за надворешни работи
Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг верува дека војната во Украина нема брзо да заврши.
Шаленберг во своето обраќање пред комисијата за надворешна политика на австрискиот парламент рече дека по новата ескалација станало јасно дека мирното решение е подалеку од кога било.
Тој посочи и дека решение може да се дојде само на преговарачка маса, додавајќи дека е опасно да се одбие барањето за примирје како смешна работа.
Шаленберг се залагаше за посилно поврзување на Западен Балкан со ЕУ.
„Војната во Украина го крие ризикот од дестабилизација на ситуацијата на Западен Балкан“; рече тој, додавајќи дека е важно Австрија да го поддржи граѓанското општество.
Што се однесува до односот на ЕУ кон Русија, Шаленберг оцени дека клучни фактори во наредните месеци се единството, умереноста и присебноста.
Според неговите зборови, досега западната заедница е многу уникатна, но нејзиното одржување, како што наведе, нема да биде лесно поради различните интереси на членките на ЕУ.
Австрија, вели тој, ќе продолжи да се бори за тоа единство, бидејќи Европа не смее да ја занемари опасноста од интернационализација на конфликтот, како што покажа неодамнешната употреба на ирански беспилотни летала. Во исто време, тој се изјасни против „автоматизмот на санкциите“, противејќи се на општото одбивање визи за граѓаните на Русија.
„Целта на Австрија не е уништување на Русија, туку повторно воспоставување на територијалниот интегритет на Украина“, подвлече Шаленберг.
Тој го наведе поврзувањето на договорот за испорака на гас со санкции како сериозна стратешка грешка на Владимир Путин. „Така, Путин ни покажа две работи – тој призна дека санкциите му штетат и второ, дека трговските и деловните договори не му вредат ништо. Тоа не беше случај дури и за време на Советскиот Сојуз“, подвлече тој.
Шаленберг истакна дека е опасна идеја да се верува дека во случај на укинување на санкциите, Европа повторно ќе стане „рај на мирот“, како што беше пред војната. Тој оцени и дека најголемиот надворешнополитички предизвик во наредните години ќе биде политиката кон Кина.
Тој рече дека Путин и Си Џинпинг сакаат да докажат дека либералните демократии се слаби, па затоа е важно да се докаже дека грешат.